Украинската антикорупциска служба покрена кривична истрага против министерот за одбрана Умеров
- Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) соопшти дека покренало кривична истрага против министерот за одбрана Рустем Умеров.

Киев, 29 јануари 2025 (МИА) - Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) соопшти дека покренало кривична истрага против министерот за одбрана Рустем Умеров.
Во соопштението од службата се наведува дека истрагата е покрената во врска со жалба поднесена од граѓански надзорен орган и дека ќе се спроведе истрага за да се утврди дали Умеров ја злоупотребил својата моќ.
Претходно во вторникот, украинската влада го разреши заменик-министерот за одбрана Дмитро Клименков, кој беше одговорен за јавните набавки за оружје. паг/
Фото: ЕПА