• сабота, 21 февруари 2026

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот  Гостивар – Стража – Кичево

Скопје, 1 февруари 2026 (МИА) - Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево се укинува од 14.30 часот, соопшти ЈП „Македонијапат“. Забраната беше воведена денеска од 9.40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег. 

Забрана за сообрачај на камиони и автобуси од 9.20 часот е воведена за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица - Попова Шапка и од 5.45 часот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Како што информира ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан