Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто
- Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статситика
Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статситика.
Во периодот јануари – октомври годинава, пак, во однос на истиот период лани, цените се зголемени за 5.1 %, а во споредба со декември 2024 година растот е 2.1 %.
Во октомври 2025 во однос на претходниот месец цените на угостителските услуги се зголемени за 0.3 %.са/
Фото: МИА архива