Угостителски услуги во ноември зголемени за 5.0 % во однос на лани
- Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември годинава во однос на истиот период лани се зголемени за 5.0 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.2 %, објави Државниот завод за статистика.
Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември годинава во однос на истиот период лани се зголемени за 5.0 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.2 %, објави Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во ноември во однос на октомври 2025 бележат раст од 0.2 %, а во споредба со ноември минатата година има зголемување за 4.1 %.са/дма/
Фото: МИА архива