• петок, 05 декември 2025

Убедлив триумф на Охрид против Пролет

Убедлив триумф на Охрид против Пролет

Охрид, 8.ноември 2025 (МИА) – Ракометарите на Охрид остварија висока победа во последниот денешен натпревар од 11.коло од Супер лигата. Тие пред своите навивачи го совладаа тимот на Пролет со 30:20.

Очекувана висока победа постигна и првакот Еурофарм Пелистер против претпоследниот на табелата Куманово со 45:20, додека поголема неизвесност имаше на другите два дуела од денешната програма.

Прилеп како гостин го совлада Радовиш со 29:24, а Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето против Струга со 26:22.

Утре со почеток во 18:30 часот се игра дербито на коло во дуелот на непоразените ќе се сретнат Вардар и Алкалоид. За комплетирање на оваа рунда утре се игра и натпреварот меѓу Тиквеш и Бутел.

Табела: Вардар 20 бодови, Е.Пелистер 19, Алкалоид 18, Охрид 17, Бутел 11, Тиквеш 10, Еурофарм Пелистер 10, Пролет 9, Прилеп 8, Струга 4, Куманово 2, Радовиш 0. Мн/

Фејсбук: ГРК Охрид

Остани поврзан