Туск: Полска ќе користи дел од средствата на ЕУ за одбрана и покрај ветото на претседателот
- „Неизбежен е владин состанок, за време на кој владата ќе усвои резолуција врз основа на која ќе ја финализираме програмата на полските вооружени сили“, им рече Туск на министрите, објавија британските медиуми.
Варшава, 13 март 2026 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека владата планира да одобри резолуција со која ќе се дозволи користење на дел од средствата од програмата за финансирање на одбраната „SAFE“ на Европската унија, и покрај ветото на претседателот на законот со кој се воспостави механизмот за распределба на парите.
„Неизбежен е владин состанок, за време на кој владата ќе усвои резолуција врз основа на која ќе ја финализираме програмата на полските вооружени сили“, им рече Туск на министрите, објавија британските медиуми.
Полскиот претседател, Карол Навроцки, вчера објави дека нема да го потпише законот со кој ќе се дозволи користење на 43,7 милијарди евра кредити од Европската унија за зајакнување на армијата.
Програмата „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), вредна околу 150 милијарди евра, е финансирана од капацитетот за задолжување на Европската унија, што значи дека на крајот е гарантирана од буџетот на Унијата.
Програмата SAFE е дизајнирана да помогне во развојот на одбранбените капацитети што ѝ се најпотребни на Европа, вклучувајќи беспилотни летала, кибер одбрана, ракети и европски воздушен штит, бидејќи Унијата се стреми да изгради воена способност доволно силна за да ја одврати Русија.сд/мс/
Фото:МИА архива