• петок, 05 декември 2025

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во посета на Ирак

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во посета на Ирак

Анкара, 2 ноември 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан денеска ќе го посети Ирак, каде ќе се сретне со високи претставници на ирачките власти, објави ТРТ Хабер, повикувајќи се на извори од турското Министерство за надворешни работи.

Според дипломатски извори, за време на посетата, се очекува Фидан да го изрази своето задоволство од брзо развивачките билатерални односи во речиси сите области во последните години и од зајакнувањето на контактите на високо ниво меѓу Ирак и Турција.

За време на разговорите, се очекува да се разговара за актуелната состојба на Блискиот Исток и процесот на завршување на вооружената борба меѓу борците на прогласената терористичка Курдска работничка партија (ПКК) и турските власти.

Во меѓувреме, Турција и Ирак го зајакнаа своето економско партнерство со потпишување на втор протокол во рамките на Заедничкиот економски и трговски комитет меѓу двете земји, со цел да се зголеми трговијата меѓу нив до 20 милијарди долари на краток рок и 30 милијарди долари на среден рок. Протоколот беше потпишан на 20 октомври во Багдад за време на официјалната посета на турскиот министер за трговија Јомер Болат на Ирак. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан