• петок, 21 февруари 2025

Трудо и Шејнбаум разговарале за американските царини за увоз од Мексико, Канада и Кина

Трудо и Шејнбаум разговарале за американските царини за увоз од Мексико, Канада и Кина

Тoронто, 2 февруари 2025 (МИА) -  Канадскиот премиер Џастин Трудо телефонски разговарал со мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум за воведувањето царини од САД за увоз на производи од Мексико, Канада и Кина, соопшти денеска канцеларијата на Трудо.

Во соопштението се вели дека Трудо и Шејнбаум се согласиле да работат заедно во области од заеднички интерес, како и да ги унапредат односите меѓу Канада и Мексико.
Двете држави уште вчера најавија дека соодветно ќе одговорат на воведувањето царини од страна на САД. 

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за воведување царини на стоки од Канада, Мексико и Кина. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан