• петок, 05 декември 2025

Триумф на Ландо Норис на ГН за Бразил

Триумф на Ландо Норис на ГН за Бразил

Сао Паоло, 9.ноември 2025 (МИА) – Возачот на Мекларен Ландо Норис е победник на трката за Големата награда на Бразил. Тој на доминантен начин стигна до победата и имаше неверојатен викенд во Бразил со победа во спринтот, пол позиција во квалификациите и место на највисокото место на подиумот во трката.

Второто место му припадна на Андреа Кими Антонели од Мерцедес, кој успеа да го издржи притисокот на актуелниот шампион Макс Верстапен. Возачот на Ред Бул, сепак на крајот мораше да се задоволи со третото место.

Верстапен со третото место ги надмина сите проблеми од квалификациите, како и лошиот момент кога му пукна гумата. На четвртото место трката ја заврши Џорџ Расел од Мерцедес, а Оскар Пјастри заврши на петтото место.

Во генералниот пласман лидер е Норис со 390 бодови, или 24 повеќе од Пјастри, додека на третата позиција е Верстапен со 341.

Следната трка ќе се вози за Големата Награда на Лас Вегас, која е на програмата од 20-22.ноември. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан