Триесет и еден милион денари за годинешното издание на „Охридско лето“, директорот Цуцковски најави богата програма
- Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната фестивалска програма од ресорното Министерство за култура доби 31 милиони денари.

Охрид, 5 февруари 2025 (МИА) – Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната фестивалска програма од ресорното Министерство за култура доби 31 милиони денари.
Директорот на фестивалот „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, вели дека финансиската поддршка ќе овозможи квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници.
„Годинава се издвоени финансиски средства кои се достојни за една вака голема музичко-сценска манифестација. Ова е значајна финансиска поддршка која ја добиваме од Министерството за култура и туризам за реализација на 40. фестивалски денови кои ќе донесат врвна програма достојна за одбележување на 65. успешни години“, вели Цуцковски.
Тој истакнува дека одобрените средства се потврда дека се пропознаени вистинските културни вредности на фестивалот, согласно неговиот статус на најголема и најзначајна културна манифестација во земјата.
Од Фестивалот соопштуваат дека програмата на годинешното фестивалско издание се при крај, а во тек се активности за уредување, опремување и адаптација на сцените. аб/нд/
Фото: МИА