Трибина: Македонија има можност не само да се прилагоди, туку и да напредува доколку води паметна и избалансирана политика
- Малите држави во денешните тектонски геополитички промени се пред изборот дали ќе застанат до ЕУ или до САД. Македонија има можност не само да се прилагоди, туку и да напредува доколку води паметна и избалансирана политика. Потребно е да се зајакне регионалната соработка на Балканот преку конкретни проекти во енергетиката, транспортот и трговијата, со што ќе ја зголеми економската отпорност и ќе се позиционира Македонија како мост меѓу различните региони. Во однос на македонската економија, таа треба да биде адаптибилна на трендовите и доколку се понуди влез во Единствениот европски пазар, тоа треба да се прифати, се дел од заклучоците на учесниците на трибината „Геополитичките промени и Македонија – враќање на историјата“, организирана од Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.