Три Тиквешанки цел на измама, полицијата апелира на внимателност
- Во изјава за МИА една од измамените неготинки го сподели моментот кога добила повик дека малолетната внука од син доживеала тешка несреќа и итно мора да биде оперирана. Лицето што се претставило како директор на болницата во Велес убедливо ѝ кажало дека состојбата е сериозна и дека се потребни 20.000 евра за да се спаси ногата на девојчето и да не остане инвалид. За измамата да звучи уште поверодостојно, на телефон била пуштена жена, која плачела, а на пензионерката ѝ било кажано дека тоа е снаа ѝ, која е во болницата заедно со другата малолетна внука. Со тоа, како што истакна, самата дополнително била доведена во состојба на паника и страв. Таа нагласи дека парите не биле предадени, но шокот, стресот и траумата останале. Притоа сподели дека измамниците се исклучително итри.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.