• петок, 20 февруари 2026

Три збирки поезија од две поетеси промовирани во Кавадарци

Три збирки поезија од две  поетеси промовирани во Кавадарци

Кавадарци, 21 јануари 2026 (МИА) - Три збирки поезија од две  поетеси, снаа и золва, беа промовирани синоќа во градската библиотека „Феткин“ во Кавадарци. Пред присутните беа читани и стихови од збирките на поезија од Данче Христова Младенова и Валентина Младенова Куковска. 

Директорот на библиотеката, Петар Гурев изрази задоволство од настанот и тројната промоција на книги со стихови. На авторките им посака многу успех. 

- Станува збор за две роднокрајни авторки на поезија. „Ќе дојде ден“ од Христова Младенова е во издание на библиотеката. Младенова Куковска живее и работи во Белград, а се промовираат нејзините дела „Твојот лик од спротива“ и „Нарцис о иднина“, рече Гурев во изјава за медиумите. 

Младенова Христова, осврнувајќи се на своето дело, рече, дека, секогаш мислиме, дали ќе биде и што ќе биде. 

- Ама сè ќе биде и сè ќе дојде, кога ќе дојде ден. А секој ден е светол ден, истакна таа. 

На новинарско прашање, зошто поезија, Младенова Куковска нагласи, дека, животот е поезија. Таа појасни дека тематиката на двете книги е сосема различна. „Твојот лик отспротива“ е љубовна поезија. Двете нејзини книги се двојазични. свд/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан