• петок, 05 декември 2025

Три екипи со максимален ефект по првите четири кола во Лигата на шампионите

Три екипи со максимален ефект по првите четири кола во Лигата на шампионите

Милано, 6 ноември 2025 (МИА) – Во фудбалската Лига на шампиони синоќе се комплетира четвртото коло по кое три екипи се со максимален ефект.

Баерн Минхен, Арсенал и Интер имаат четири победи (12 бода), непоразен е уште и Манчестер сити (10 бода) со три победи и еден нерешен резултат.

На табелата во горниот дел се и ПСЖ, Њукасл, Реал Мадрид, Ливерпул и Галатасарај со по девет освоени бодови.

Без ниту еден освоен бод на последните две места (35. и 36. позиција) се Бенфика и Ајакс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан