• сабота, 22 февруари 2025

Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово

Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно.

Во одредени делови од денот, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата, и до Крива Паланка.

-Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Возот ќе сообраќа двапати дневно, наутро во 6:30 ќе тргнува од Куманово, а во 16:30 ќе се враќа назад и обратно. Ќе има четири возови дневно кои ќе оперираат за 41 минута што е навистина брзо, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт".

Возниот ред објавен на веб страницата на „Железници Транспорт" за возот број 2020 на релација Скопје – Куманово е: Скопје 04:57 , Маџари 05:03 , Илинден 05:12 , Миладиновци 05:19 , Дељадровци 05:23 , Агино Село 05:27 , Романовци 05:31 , Превој 05:35 и Куманово 05:40 . 

За возот број 2021 на релација Куманово – Скопје возниот ред е: Куманово 06:00 , Превој 06:05 , Романовци 06:09 , Агино Село 06:13 , Дељадровци 06:17 , Миладиновци 06:21 , Илинден 06:29 , Маџари 06:38 и Скопје 06:43.

За возот број 2022 на релација Скопје – Куманово е: Скопје 16:37 , Маџари 16:43 , Илинден 16:52 , Миладиновци 16:59 , Дељадровци 17:03 , Агино Село 17:07 , Романовци 17:11 , Превој 17:15 и Куманово 17:20 .

За возот број 2023 на релација Куманово – Скопје е: Куманово 17:40 , Превој 17:45 , Романовци 17:49 , Агино Село 17:53 , Дељадровци 17:57 , Миладиновци 18:02 , Илинден 18:09 , Маџари 18:18 и Скопје 18:23. мч/бак/

 

фото/видео: МИА

 

Остани поврзан