• петок, 21 февруари 2025

Трамп: Почнува златното доба на Америка

Трамп: Почнува златното доба на Америка

Вашингтон, 20 јануари 2025 (МИА) – Златното доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател, Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање.

- Повторно ќе се избалансира вагата на правдата. Злобното, насилно и неправедно вооружување на Министерството за правда и владата ќе заврши, рече Трамп.

Тој истакна дека се враќа како 47-ми претседател „уверен и оптимист дека сме на почетокот на возбудливата нова ера на национален успех“.

Трамп додаде за време на неговото инаугуративно обраќање „плима на промени ја зафаќа земјата“.

- Сончевата светлина го прелева целиот свет и Америка има шанса да ја искористи оваа можност како никогаш досега, рече Трамп.

Официјално 47-от претседател на САД, Доналд Трамп во моментов го држи својот инаугуративен говор. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан