Трамп потпиша извршни наредби за царини за челик и алуминиум (ДПЛ)
- Американскиот претседател Доналд Трамп го исполни ветувањето дека ќе воведе царини од 25 отсто на увоз на челик и алуминиум, засилувајќи ја долго ветената трговска војна и покрај предупредувањата од Европа и Кина.

Вашингтон, 11 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го исполни ветувањето дека ќе воведе царини од 25 отсто на увоз на челик и алуминиум, засилувајќи ја долго ветената трговска војна и покрај предупредувањата од Европа и Кина.
„Денеска ги поедноставувам нашите царини за челик и алуминиум“, рече Трамп во Овалната соба додека ги потпишуваше извршните наредби.
„Тоа е 25 проценти без исклучоци“.
Трамп, исто така, сигнализираше дека ќе разгледа воведување дополнителни тарифи за автомобили, лекови и компјутерски чипови.
Канада и Мексико - на кои Трамп веќе им се закани со царини - се најголемите извозници на челик во САД, според трговските податоци на САД. Бразил и Јужна Кореја се исто така главни снабдувачи со челик.
Американскиот лидер потврди и дека размислува за ослободување на Австралија од царините за челик.
„Имаме (трговски) вишок во Австралија, еден од ретките. А причината е што купуваат многу авиони. Тие се прилично далеку и им требаат многу авиони“, рече тој. зш/