• понеделник, 05 јануари 2026

Трамп не верува дека Украина нападнала една од резиденциите на Путин

Трамп не верува дека Украина нападнала една од резиденциите на Путин

Вашингтон, 5 јануари 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Украина нападнала една од резиденциите на рускиот претседател Владимир Путин.

- Не верувам дека тој напад се случил, им изјави Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“.

- Имаше нешто што се случи релативно во близина, но тоа немаше никаква врска со ова, рече тој, без дополнително појаснување, пренесе ДПА.

Русија соопшти дека декодирала податоци од украински дрон за кои тврди дека покажуваат планиран напад врз една од резиденциите на Путин на 29 декември.

Украина негираше дека извршила напад и ја обвини Москва дека го користи лажното тврдење за да ги оправда нападите врз владини објекти во Киев.

Трамп првично ја критикуваше Украина поради наводниот напад по разговор со Путин.

Минатата недела, Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) заклучи дека Украина не го таргетирала Путин ниту една од неговите резиденции.

Американските медиуми јавија дека Трамп во средата бил информиран од директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, за разузнавачките наоди.

Украина речиси четири години, со поддршка од Западот, се бори против руската инвазија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан