• вторник, 17 март 2026

Трамп го собори рекордот за најдолг говор за состојбата на нацијата

Трамп го собори рекордот за најдолг говор за состојбата на нацијата

Вашингтон, 25 февруари 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп постави нов рекорд со своето обраќање за состојбата на нацијата, одржувајќи говор пред Конгресот кој траеше речиси два часа.

Неговото излагање траеше околу 1 час и 48 минути, со што ги надмина сите претседатели откако почна да се води евиденција во 1964 година, покажуваат податоците на „American Presidency Project“.

Претходниот рекорд од околу 1 час и 29 минути го држеше демократот Бил Клинтон за време на неговото обраќање во 2000 година. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан