• понеделник, 15 декември 2025

Трамп го осуди нападот во Сиднеј; кралот Чарлс Трети вели дека е згрозен

Трамп го осуди нападот во Сиднеј; кралот Чарлс Трети вели дека е згрозен

Вашингтон, 14 декември 2025 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, го осуди, според него, „очигледно антисемитскиот“ напад во Сиднеј денеска, во кој загинаа најмалку 12 лица.

„Ова беше ужасен напад“, рече Трамп на божиќната забава во Белата куќа.

Британскиот крал Чарлс Трети, исто така, го осуди нападот.

„Мојата сопруга (кралицата Камила) и јас сме згрозени и тажни“ од овој „ужасен антисемитски терористички напад врз Евреите“, напиша тој на „Х“. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан