Традиционалниот концерт „Песна за мојот град“ в недела во Виница
- Здружението на пензионери од Виница во недела, на 11 јануари, во Сината сала при Домот на културата „Тошо Арсов“ ќе го одржи традиционалниот концерт „Песна за мојот град“.
Виница, 9 јануари 2026 (МИА) - Здружението на пензионери од Виница во недела, на 11 јануари, во Сината сала при Домот на културата „Тошо Арсов“ ќе го одржи традиционалниот концерт „Песна за мојот град“.
На концертот ќе настапат здруженија на пензионери од повеќе градови во Македонија – Куманово, Штип, Пехчево и Делчево, како и гости од Република Србија, односно Здружението на пензионери од Лесковац, со што настанот добива и меѓународен карактер, информираат од локалната самоуправа.
Како специјални гости, со фолклорни настапи ќе се претстави и Фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Истибања, кој ќе внесе дополнителен дух на традиција и културно наследство.
Настанот е отворен за јавноста и претставува можност за дружење, културна размена и негување на музичката и фолклорната традиција. ис/дма/
Фото: Општина Виница