„Сурова“ одекна во Ѕвегор - вековната традиција продолжува
- Со традиционалното ечење на „Сурова“, денеска, во делчевското село Ѕвегор, повторно оживеа еден од најзначајните обичаи во Пијанечкиот Регион, поврзан со празникот Василица и одбележувањето на Стара Нова година. Под маски и преку форма на театар на отворено суроваскарите го продолжија вековниот обред, чија основна цел е симболичното бркање на злото и благословување на домаќините со желби за здравје, плодност и бериќет во годината што следува. Обичајот, кој по својата автентичност и богатството на маски често е споредуван со Вевчанскиот карневал, во Ѕвегор се одвива како весела свадбена поворка. Во неа централно место имаат невестата и младоженецот, придружувани од белаците, бабите, мечките и други ликови со силна симболика. Преку еротски игри се асоцира на плодноста, старите баби и мечкарите симболично им помагаат на болните, а црнењето на присутните се смета како обред за здравје.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.