• петок, 05 декември 2025

Рускиот напад го прекина снабдувањето со електрична енергија во Суми

Рускиот напад го прекина снабдувањето со електрична енергија во Суми

Киев, 5 ноември 2025 (МИА) - Делови од украинскиот град Суми се без електрична енергија по рускиот напад, објавија градските власти на Телеграм.

- Поради итно исклучување на една од електраните, делови од градот Суми се привремено без електрична енергија. Вработените во енергетската компанија прават сè што е можно за да ја стабилизираат ситуацијата, се наведува во соопштението.

Претходно беше објавено дека по синоќешниот руски напад е обновено снабдувањето со електрична енергија  во Запорожје. Во синоќешниот руски напад со дрон повредени се четири лица. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан