• сабота, 22 февруари 2025

Судиите во Шпанија водат војна против Реал Мадрид: Анчелоти остар по поразот од Еспањол

Судиите во Шпанија водат војна против Реал Мадрид: Анчелоти остар по поразот од Еспањол

Барселона, 2 февруари 2025 (МИА) - Поразот на Реал Мадрид на гостувањето кај Еспањол дојде како резултат на добрата игра на каталонскиот тим, но за ваквиот расплет придонесоа и судиските одлуки, вели тренерот на европскиот шампион, Карло Анчелоти.

Искусниот италијански стручњак смета дека судиите во Ла Лига водат своевидна војна против неговиот тим и го крена гласот ваквите работи итно да се променат.

-Дали судиите водат војна против Реал Мадрид? Не знам, не би сакал да зборувам за тоа, но некои работи се очигледни. Мислам дека целиот свет можеше да види дека Килијан Мбапе беше фаулиран одзади и дека тоа беше чист црвен картон. Тоа мора да се промени, изјави Анчелоти.

Што се однесува до самата игра, тренерот на Мадрид и не е толку незадоволен, бидејќи смета дека неговите избраници одиграле сосема фер натпревар во Барселона и покрај поразот.

-Од наша страна не беше толку лошо како што покажува резултатот. Игравме добар фудбал, а нашиот ривал очекувано беше фокусиран на одбраната и брзите контранапади. Го знаевме тоа, но не успеавме да триумфираме. Не е важно, продолжуваме понатаму и продолжуваме да се бориме, но Реал Мадрид е клуб кој мора да се почитува, изјави Анчелоти. дс

Фото: Архива

Остани поврзан