• петок, 05 декември 2025

Суарез суспендиран еден натпревар од плејофот на МЛС

Суарез суспендиран еден натпревар од плејофот на МЛС

Вашингтон, 6 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Интер Мајами, Луис Суарез, е суспендиран еден натпревар од плејофот на МЛС поради удар врз дефанзивецот на Нешвил Предаторс, Енди Најџар, во реваншот од осминафиналето (3:1).

Дисциплинската комисија на МЛС во соопштението изјави дека агресивното однесување на Суарез во 71-та минута од натпреварот оправдано довело до дисквалификација, иако против него не беа досудени никакви прекршоци во натпреварот.

МЛС го казни уругвајскиот интернационалец и со парична казна.

По првите два натпревара серијата е нерешена 1:1. Третиот натпревар од осминафиналето ќе се одржи на 9 ноември на теренот на Интер Мајами. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан