• сабота, 22 февруари 2025

Стојаноски најави јавна дискусија во Собранието за законски измени за заострување на казненената политика во сообраќајот

Стојаноски најави јавна дискусија во Собранието за законски измени за заострување на казненената политика во сообраќајот

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски,  најави дека најверојатно во петок во Собранието ќе се одржи јавна дискусија на која би се разгледувале можностите за законски измени околку заострувањето на казнената политика во сообраќајот.

Во гостување на ТВ Сител, Стојановси вечерва се осврна на случајот со смртта на Фросина Кулаковаа Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на бул. „Партизански одреди“ во Скопје  соопшти дека постапката за јавната дискусија ќе почне од понеделник.

-Сакам да најавам дека денеска имавме разговори внатре во пратеничката група заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски бидејќи неговиот став е  дека треба да се проверат оние членови во законите кои ги детерминираат казните за овие дела бидејќи вака како што се поставени некој судија може да ги толкува на еден или друг начин и веќе во понеделник ќе почнеме со постапка за организирање на јавна дискусија за да можеме ова прашање да го отвориме пред Собранието. Таа експресно брзо ќе се случи, веќе наредната недела. И да видиме како овие членови би се промениле со цел ваквите деликвенти да бидат соодветно казнети, за овие дела повеќе да не ни се случат. Најверојатно во петок ќе се одржи јавната дискусија, рече Стојаноски на вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Телевизија Сител, прашан за коментар со случајот со смртта на Фросина Кулакова и протестите што се одржаа. 

Стојаноски потенцира дека сакаат да се интервенира во законите со цел, како што рече, да се одземе можноста за различно толкување и да не се случува повеќе прогледување низ прсти за тие кои имаат кој да ги извади или врски во правосудството.

- Со таа дискусија, ние сакаме да интервенираме во законите за каква било можност на различно толкување на законот да го одземеме и да ги зголемиме казните за тие кои што сметаат дека има некој да ги извади или ако фатат врски во правосудството можат некако да им прогледаат низ прсти, тоа повеќе да не се случува. Тоа што се случи вчера, повеќе не смее да се случува. Тоа што се случи вчера е еден грозоморен чин. Ние многу пати во минатото сме апелирале на нефункционалност на системот, па загрижувачки е кога системот ќе почне да убива луѓе како тоа што се случи вчера, под нејасни околности, тоа лице кое што сторило неколку кривични дела не било таму каде што му е местото, туку на скопските улици, рече пратеникот Стојаноски. фф/лв/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан