Стоилковиќ: Делото на Св. Климент биде наш аманет - да бидеме обединети како држава и да создаеме иднина во која традицијата и современоста живеат во хармонија
- - Во духот на неговата визија да продолжиме да го градиме нашето општество како заедница во која различностите се богатство, а повеќеетничката кохезија наша заедничка обврска и најголема вредност. Нека ни е честит празникот, нека е вечен споменот за свети Климент Охридски, чија мудрост и денес нѐ повикува кон заедништво и напредок, и нека неговата мисија и дело и понатаму останат наш заеднички аманет - да бидеме обединети како држава и да продолжиме да твориме иднина во која традицијата и современоста живеат во склад, наведува Стоилковиќ во честитката.
Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитка по повод денешниот празник Св. Климент Охридски во која порачува дека делото на овој просветител не потсетува оти силата на едно општество лежи во знаењето, почитта и единството.
- Во духот на неговата визија да продолжиме да го градиме нашето општество како заедница во која различностите се богатство, а повеќеетничката кохезија наша заедничка обврска и најголема вредност. Нека ни е честит празникот, нека е вечен споменот за свети Климент Охридски, чија мудрост и денес нѐ повикува кон заедништво и напредок, и нека неговата мисија и дело и понатаму останат наш заеднички аманет - да бидеме обединети како држава и да продолжиме да твориме иднина во која традицијата и современоста живеат во склад, наведува Стоилковиќ во честитката. бак/
Фото: МИА архива