• сабота, 22 февруари 2025

Стефковски: Започна процесот на трајно решавање на проблемот со Ранка Милановиќ, благодарност до премиерот Мицкоски за поддршката

Стефковски: Започна процесот на трајно решавање на проблемот со Ранка Милановиќ, благодарност до премиерот Мицкоски за поддршката

Скопје, 2 февруари 2025

Започна процесот на трајно решавање на проблемот со Ранка Милановиќ.

Од рано утринава е во тек координирана акција на инспекторатот на општина Гази Баба, инспектори од Единицата за економски криминал при Министерството за Внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади со асистенција на униформирани полициски службеници.

Во акцијата е одземена голема количина на различни видови отпад и извршено е уривање на три бесправно изградени објекти кои служеле како работилници за преработка на отпад.

Со помош на механизација на ЈКП Гази Баба се собра повеќе од 50 тони отпад кој беше во дворот на објектите.

Во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против едно лице кое спротивно на Закон вршело различен вид на активности без за тоа да поседува соодветни дозволи за вршење на дејност, а согласно Законот за управување со отпад.

Оваа акција следува по оддржани неколку состаноци во Владата на Република Македонија и претставува почеток на процесот кој ќе донесе трајно решение за проблемот со Ранка Милановиќ.

Заедно со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски направивме увид на локацијата.

Изразувам јавна благодарност на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски за поддршката која ја даде за трајно решавање на овој проблем.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ФБ статус на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски

__________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Фејсбук

Остани поврзан