• петок, 05 декември 2025

Стајиќ ќе ги пропушти мечевите со Азербејџан и Ирска

Стајиќ ќе ги пропушти мечевите со Азербејџан и Ирска

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски ќе биде со опција помалку во бековската линија за првиот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, откако од лекарскиот тим беше информиран дека Бобан Стајиќ има проблеми со левото коло, и не може да им помогне на своите репрезентативни колеги за средбите со Азербејџан и Ирска.

Искусниот бек мора да мирува во наредниот период

-И покрај сите настојувања од негова страна да биде со тимот, сепак, нашиот лекарски тим одлучи дека Стајиќ не може да биде максимално подготвен за двата натпревари кои ни претстојат оваа недела. Не сакам ништо да форсираме во таа насока. Потребна му е комплетна рехабилитација. Имаме опција помалку во таа бековска линија, но продолжуваме понатаму, соопшти Илиевски.

На 27 ноември, од 19 часот, во салата на СРЦ „Кале“, Македонците Македонија ќе бидат домаќини на селекцијата на Азербејџан. Три дена подоцна, на 30 ноември, следува гостување во Даблин, и натпреварот против селекцијата на Ирска. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан