• четврток, 25 декември 2025

Куманово четвртфиналист во кошаркарскиот Куп

Куманово четвртфиналист во кошаркарскиот Куп


Куманово, 25 декември 2025 (МИА) – МКК Куманово е петтиот учесник во четвртфиналето на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако синоќа пред својата публика гитриумфираше над Ангели со убедливи 95-65.
Митевски беше најефикасен во редовите на Куманово со 20. поени, а Луковиќ реализираше 18. поени.
Во екипата на Ангели, најефикасни беа Фордхам со 15. поени и Настовски со 14. кошеви.
Преостанатите три четвртфиналисти ќе бидат познати по одигрување на дуелите меѓу Работнички – Тиквеш (петок), Чаир 2030 – Феникс 2010 (сабота) и Маџари – Гостивар (сабота).
Директен пласман во четвртфиналето во македонскиот кошаркарски Куп обезбедија МЗТ Скопје Аеродром, ТФТ Скопје, Кожув и Пелистер. ег
ФОТО: КФСМ

Остани поврзан