• четврток, 25 декември 2025

Поранешен професионален покер играч го купува Шефилд Венздеј

Поранешен професионален покер играч го купува Шефилд Венздеј


Лондон, 25 декември 2025 (МИА) – Поранешниот професионален покер играч Џејмс Борд е прв кандидат за преземање на англискиот фудбалски клуб Шефилд Венздеј.
Најстариот клуб во светот, основан во 1867 година, е во банкрот од октомври, а одборот денес објави дека е постигнат договор со потенцијален купувач.
Борд ја започна својата кариера работејќи за компании за коцкање пред да заработи 4,3 милиони долари играјќи покер. Сега тој раководи со Short Circuit Science, компанија која користи вештачка интелигенција за спортска аналитика.
Борд, исто така, има удели во шпанскиот второлигашки клуб Кордоба и бугарскиот клуб Септември Софија. Неговата понуда за купување на Шефилд Венздеј мора да биде одобрена од Премиер лига и може да се соочи со пречки поради неговата вмешаност во коцкање во минатото.
Шефилд Венздеј е на дното на табелата во Чемпионшип со минус девет бодови и речиси сигурно испаѓање во третата англиска дивизија.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан