Стармер: Иднината на Гренланд е во рацете на Гренланд и Данска
- Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска изјави дека никој друг освен Гренланд и Данска не треба да решаваат за иднината на островот
Лондон, 5 јануари 2026 (МИА) – Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска изјави дека никој друг освен Гренланд и Данска не треба да решаваат за иднината на островот.
- Да бидам сосема јасен за Гренланд, иднината на Гренланд е во рацете на Гренланд и Кралството Данска, изјави Стармер одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на премиерката на Данска, Мете Фредериксен.
Таа синоќа му порача на САД престанат да се закануваат на „историски близок сојузник“.
Стармер посочи дека е на нејзина страна. ми/мс/
фото: ЕПА