• вторник, 06 јануари 2026

Став на Партијата на пензионери во врска со Законот за работно ангажирање на пензионерите

Став на Партијата на пензионери во врска со Законот за работно ангажирање на пензионерите

5 јануари 2026

Партијата на пензионери го поздравува донесувањето на Законот за работно ангажирање на пензионери, особено што Партијата на пензионери преку својот пратеник Илија Николовски, досега двапати во Парламентот предлагаше донесување на сличен Закон, но за жал не беше прифатен од претходниот Парламент. 

Токму затоа овој чин го гледаме како револуционерен. Но, во исто време  Партијата на пензионери има забелешки за недостатоците на овој Закон, како што се:
- ПП не гледа потреба од ограничување на Законот, од причина што сите способни пензионери би сакале да работат подолг период од законски предвидениот. Правото на работа е уставно загарантирано и не треба да влијае на пензијата која е економска категорија и законски загарантирана. 
- Овој закон треба да важи за сите даватели на услуги, а не само за одредени области, освен во државната администрација, 
- Со проширување на дејностите без ограничување на 15 денови во месецот ќе се овозможи поголемо ангажирање на пензионерите и намалување на социјалните разлики.

Токму затоа Партијата на пензионери ја охрабрува Владата и Собранието  што е можно побрзо донесат измени и дополнувања на споменатиот Закон со што ќе придонесат за намалување на работата на црно и сивата економија, а истовремено ќе придонесат за за поголем прилив на финансиски средства во пензискиот фонд.

Партија на пензионери 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан