Средба Хоџа - Филипиду: Приоритет на билатералната соработка во областа на животната средина
- Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која беа разгледани приоритетите на билатералната соработка во областа на животната средина.
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која беа разгледани приоритетите на билатералната соработка во областа на животната средина.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, во фокусот на разговорите биле активностите поврзани со управувањето со Националниот парк Преспа (Prespa National Park), управувањето со водните ресурси, хидролошката состојба на Преспанското и на Дојранското Езеро, како и тековните прекугранични проекти што се реализираат.
Двете страни ја потврдиле заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, со посебен акцент на заштитата на животната средина и одржливиот развој на прекуграничните региони. дма/вј/
Фото: МЖСПП