• петок, 05 декември 2025

Средба на Филипче со Костреш – продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот

Средба на Филипче со Костреш – продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот

Скопје, 1 декември 2025

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија, се наведува во соопштението од СДСМ кое МИА го пренесува интегрално. 

На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.

Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион.  

фото: СДСМ

Остани поврзан