Средба на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија со градоначалникот на Кавадарци
- Скопје, 8 ноември 2025
Скопје, 8 ноември 2025
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, во Кавадарци остварија работна средба и воедно му го честитаа новиот мандат на градоначалникот д-р Митко Јанчев, информира Стопанската комора на Северна Македонија во соопштение што МИА го објавува интегрално.
На средбата претседателот Азески подвлече дека, Стопанската комора на Северна Македонија со градоначалникот Јанчев во претходните негови мандати како и пред да стане градоначалник, како генерален менаџер на Кожувчанка Кавадарци и како претседател на Регионалната комора во Квадарци, имаше одлична соработка, а ја истакна и заложбата дека во следниот период ќе следи уште поголемо вмрежување и активности во насока на создавање моќно партнерство од значење за бизнис заедницата.
Д-р Јанчев како активен поддржувач и промотор на македонската економија и во овој мандат ќе ја добие целосната поддршка од Стопанската комора на Северна Македонија, институција во која тој активно е вклучен повеќе од 20 години.
Претседателот Азески му ја врачи наградата на д-р Јанчев за најгледан поткаст како гостин во првата сезона на "Бизнис Клуб" со Бранко Азески.
Фото: Стопанска комора