Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер
- Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, на која изразил подготвеност за поддршка и имплементација на новиот билатерален план за соработка со Австрија, што опфаќа широк спектар на активности од различни области.

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, на која изразил подготвеност за поддршка и имплементација на новиот билатерален план за соработка со Австрија, што опфаќа широк спектар на активности од различни области.
- Ја цениме нашата заедничка соработка за која секогаш има простор за унапредување и развој. Преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста, рекол Мисајловски, соопштија од МО.
На средбата, се наведува во соопштението, било заклучено дека преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста на поширокиот регион. цр/са/
Фото: Министерство за одбрана