• сабота, 06 декември 2025

Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во Москва

Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во Москва

Москва, 19 ноември 2025 (МИА) - Кинескиот премиер Ли Чијанг вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, објави денеска државната новинска агенција Синхуа.

Ли Чијанг пред Путин истакнал дека решеноста и позицијата на Кина за развој на заемно корисна соработка со Русија се секогаш доследни.

Кинескиот премиер на рускиот претседател му пренесе срдечни поздрави и најдобри желби од неговиот кинески колега, претседателот Си Џинпинг. Тој нагласи дека под стратешкото водство на двајцата државни лидери, сеопфатното стратешко партнерство и координацијата меѓу Кина и Русија во новата ера се на високо ниво, пренесува Синхуа.

- Од почетокот на оваа година, претседателите Си и Путин се сретнаа двапати, посочувајќи ја насоката за натамошен развој на односите меѓу Кина и Русија, додаде Ли.

Исто така вчера, кинескиот премиер се сретна и со својот руски колега Михаил Мишустин. Ли Чијанг изјави дека Пекинг е подготвен да ја продлабочи соработката со Русија во областа на енергетиката, земјоделството и инвестициите во други сфери.

Пекинг и Москва објавија „безгранично стратешко партнерство“ само неколку дена пред руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Во изминатата деценија, Си Џинпинг и Владимир Путин се сретнале над 40 пати. ссм/

фото: архива

Остани поврзан