• сабота, 06 декември 2025

Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали

Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил средба со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали, кој првпат е во четиридневна официјална посета на државата.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата присуствувал и Реис ул Улема Шаќир еф. Фетаху, поглавар на Исламска верска заедница (ИВ).

Во срдачната и конструктивна атмосфера, соговорниците се осврнале на значењето на неговата посета, како и на важноста од меѓусебното почитување и разбирање. Притоа, било изразена искрена благодарност до државните власти на Кралството Саудиска Арабија за нивната досегашна поддршка и соработка.

Во разговорот, како што се наведува во соопштението, било нагласено и значењето на зајакнувањето на врските и вредностите што ги споделуваат двете земји и народи, како и заедничката подготвеност за унапредување на институционалните односи и продлабочување на меѓусебната соработка. фф/лв/

Фото: Собрание

Остани поврзан