• четврток, 25 декември 2025

Спирорали во посета на Општина Чаир

Спирорали во посета на Општина Чаир

Скопје, 23 декември 2025 (МИА) - Во рамки на официјалната посета во Скопје, Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, имаше чест да ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, и во просториите на Општина Чаир, соопшти општинската прес-служба.

- Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси. Присуството на г-ѓа Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Оваа средба, како што се посочува, го потврдила заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ. ев/

ФОТО: Општина Чаир  

 

 

Остани поврзан