Сочувство од министерот за правда Игор Филков до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова
- Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре, истакнува Филков.

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков упати сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Кулакова.
- Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре, истакнува Филков.
Дваесет и двегодишната девојка го загуби животот на 29 јануари кога во неа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје удрил автомобил „пежо“ управуван од 20-годишно лице. дма/са/
Фото:МИА архива