Составот на Слот против Евертон влезе во историјата на Ливерпул
- Евертон – Ливерпул, одложениот натпревар од 15. коло на Премиер лигата, уште пред да започне испиша историја. За дербито на Мерсисајд, менаџерот на „црвените“ Арне Слот избра стартен состав без ниту еден играч од англиска националност.

Ливерпул, 12 февруари 2025 (МИА) - Евертон – Ливерпул, одложениот натпревар од 15. коло на Премиер лигата, уште пред да започне испиша историја. За дербито на Мерсисајд, менаџерот на „црвените“ Арне Слот избра стартен состав без ниту еден играч од англиска националност.
Тоа е потег досега невиден во Премиер лигата во клубот од градот на Битлси.
Алисон, Бредли, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Гравенберх, Мекалистер, Салах, Собослаи, Гакпо и Дијаз беа изборот на холандскиот тренер за натпреварот против Евертон. И покрај присуството на двајца британски играчи - Конор Бредли (Северна Ирска) и Енди Робертсон (Шкотска), ниту еден Англичанец не се најде меѓу избраните стартни состави.
Што се однесува до Англичаните, на клупата останаа Кертис Џонс, Трент Александер-Арнолд, Харви Елиот и Џарел Куанза, како и Португалецот Диого Жота.
Ливерпул е лидер во Премиер лигата, со шест бода повеќе од второпласираниот Арсенал, а доколку победи на овој меч предноста во однос на „тоџчиите“ ќе се зголеми на девет бода, а до крајот на првенството остануваат уште 14 кола. дс
Фото: Архива