• сабота, 21 февруари 2026

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Како што информираат Автомотосојузот на Македонија и ЈП „Македонијапат“, снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево.

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.

Сите други патни правци во државата се проодни.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На возачите им се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. хс/ 

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

Остани поврзан