Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, непрекинато и по претежно суви коловози
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, непрекинато и по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, непрекинато и по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Оттаму потсетуваат дека има времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица. На овој пат од 20 февруари до 31 мај годинава поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Се уште е на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сст/
фото МИА архива