Сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) нормализиран од 15 часот
- Од 15 часот е нормализиран сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) за влез и излез, кој денеска беше во прекин од 11 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Скопје, 9 декември 2025 (МИА) - Од 15 часот е нормализиран сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) за влез и излез, кој денеска беше во прекин од 11 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин неколку дена во различни периоди од денот е блокиран за сообраќај. хс/дма/
Фото: МИА архива