Собраните пари од хуманитарниот Богојавленски настан во Ваасилево- „среќки“, предадени на Влатко Митев
- Градоначалникот на Василево, Славе Андонов заедно со членовите на друштвото „Баделци“ од Василево, ги предадоа собраните пари во износ од 136.000 денари на Влатко Митев од Василево од хуманитарниот настан „среќки“ што се одржа на Богојавление Водици, соопштија денеска од Општината.
Василево, 21 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Василево, Славе Андонов заедно со членовите на друштвото „Баделци“ од Василево, ги предадоа собраните пари во износ од 136.000 денари на Влатко Митев од Василево од хуманитарниот настан „среќки“ што се одржа на Богојавление Водици, соопштија денеска од Општината.
-Го посетивме нашиот сограѓанин Влатко Митев и му ја предадовме собраната помош, од хуманитарниот настан што се одржа пред црквата ,, Успение на Пресвета Богородица ” во Василево, се наведува во пренесената изјава на градоначалникот Андонов.
Настанот „среќки“ беше во организација на друштвото „Баделци“ од Василево, кои преку донации од хумани граѓани и со среќка од само сто денари, го реализараа овој настан за помош на сограѓанинот Влатко Митев.
Генерален покровител на настанот беше општина Василево, која со одлука на општинскиот совет ја обезбеди главната награда.рт/са/
Фото: Општина Василево