• петок, 05 декември 2025

Собранието на еден час пауза по барање на пратеникот Крмов

Собранието на еден час пауза по барање на пратеникот Крмов

Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - По барање на пратеникот Борислав Крмов од Левица, во Собранието, пред да почне 70. седница, е објавена пауза од еден час. 

Крмов побара пауза откако процедурално се јави за збор во врска со Предлог-законот поднесен од Левица за измени на Изборниот законик, а воедно го повтори и барањето на информацијата за патните трошоци на пратениците.

-Поднесовме итни измени на Изборниот законик пред два месеца. Зошто го прекршивте Деловникот и не свикавте итна седница или зошто на оваа барем не го ставивте на дневен ред?, го праша Крмов претседателот на Собранието Африм Гаши.

На ова Гаши одговори дека Предлогот поднесен од Левица се однесува на локалните избори на 19 откомври кои, како што рече, поминаа, поради што „нема никаква смисла сега да се стави на деневен ред“.

-На првата координација на која учествувавте и вие, реквме дека треба сите да отвориме дијалог за промена на Изборниот законик што ќе го почне веднаш и ќе го донесеме сите заедно, истакна Гаши.

Крмов одговори дека, сепак, претседателот на Собранието, согласно Деловникот, бил должен да го стави Предлогот од Левица на седница.

Пред почетокот на 70. седница премиерот и министрите два часа треба да одговараат на прашања од опозициските пратеници. На седницата, пак, на дневен ред се верификацијата на мандатот на пратеници во Собранието, Предлогот за именување на член на Фискалниот совет, избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, избор на членови на Националниот совет за високото обрзование и научно-истражувачата дејност,... мч/лв/

фото: принт скрин

 

 

Остани поврзан