Слот: Секако дека сакавме да почнеме со победа, но беше тешко
- Шампионот на Премиер лигата Ливерпул, првиот натпревар од новата година го заврши со разочарувачко реми 0:0 на Енфилд со Лидс
Ливерпул, 2.јануари 2026 (МИА) – Шампионот на Премиер лигата Ливерпул, првиот натпревар од новата година го заврши со разочарувачко реми 0:0 на Енфилд со Лидс. Менаџерот на Ливерпул Арне Слот по дуелот истакна:
- Сакавме годината да ја почнеме со победа, но беше тешко. Не успеавме да играме против нивниот низок блок. Имавме ситуации за постигнување гол, но не успеавме, а немавме ниту среќа. На крајот како многу пати сезонава помислив дека ќе примиме гол и така ќе заврши. Гол примивме,но за среќа беше офсајд и заврши дуелот 0:0.
Ливерпул на овој начин ја прекина серијата од три победи во низа во Премиер лигата. Во следното коло во недела првакот гостува кај Фулам. Мн
Фото: ЕПА