Словенечкиот центар - Скопје одбележува 15 години постоење и Ден на словенечка потица
- Во Културниот центар на општина Ѓорче Петров вечер, во 20:00 часот, ќе се одржи традиционалниот Ден на словенечка потица 2025 и одбележување 15 години од основањето на Словенечкиот центар - Скопје.
Скопје, 13 декември 2025 (МИА) - Во Културниот центар на општина Ѓорче Петров вечер, во 20:00 часот, ќе се одржи традиционалниот Ден на словенечка потица 2025 и одбележување 15 години од основањето на Словенечкиот центар - Скопје.
Организатор е Словенечкиот центар - Скопје, кои ги покануваат граѓаните да бидат дел од словенечко-македонската забава и да ја пробаат словенечката потица (познат словенечки десерт).
Во организацијата на настанот се вклучени и Амбасадата на Република Словенија, Општина Ѓорче Петров, СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“ - Скопје, СУГС „Лазар Танев“ - Скопје со поддршка на Бирото на Владата на Република Словенија за Словенците во соседството и во светот.
Влезот е слободен. мд/мч/
Фото: Плакат