Словачка почна да увезува руски гас преку гасоводот „Турски тек“
- -Компанијата не планира да го раскине договорот со руската групација „Газпром“, што трае до 2034 година, изјави Ференц за веб-страницата на весникот Деник Н.

Братислава, 6 февруари 2025 (МИА) - Словачката гасна компанија СПП (SPP) од 1 февруари започна со увоз на руски гас преку гасоводот „Турски тек“, а се очекува од април испораките двојно да се зголемат, изјави денеска претседателот на компанијата Војтех Ференц, објавија локалните медиуми.
-Компанијата не планира да го раскине договорот со руската групација „Газпром“, што трае до 2034 година, изјави Ференц за веб-страницата на весникот Деник Н.
Извозот на руски гас преку цевководи од советската ера низ Украина престана на 1 јануари откако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва.
Словачка и Унгарија побараа да се продолжи.
Словачкиот премиер Роберт Фицо минатиот месец изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и ветил на Словачка дека „Газпром“ ќе најде алтернативни начини за снабдување со договорениот гас.сд/
фото:МИА архива